Промоцијата на локално ниво на анализата од примената на Законот за бесплатна правна помош, во 2011 година се одржа во ресторан „Рим – Париз“ во Кумановo

Националниот ромски центар како локален партнер заедно со Фондацијата Отворено општество – Македонија и Македонското здружение на млади правници   во Куманово организираше промоција на наодите од континуираното истражување на имплементацијата на бесплатната правна помош во Република Македонија. На промоцијата учествуваа адвокати, претставници на локалните здруженија на граѓани, како и претставник од МЦСР Куманово. Се дебатираше за аспектите на  системот на бесплатна правна помош, за улогата на сите чинители позиционирани во важечкото законско решение, како и за правата на граѓаните по овој закон.

Во анализата се идентификувани слабостите и пречките во системот на бесплатната правна помош како за граѓаните така и за здруженијата кои сакаат да се стекнат со овластување за давање бесплатна правна помош.

[post_gallery]