Проблемите со кои се соочува ромската популација во Македонија беа теми на дискусија помеѓу претставници од Амнести Интернационал и тимот на НРЦ

Претставничките од Амнести Интернационал, Сиан Џонс и Анита Брканиќ на 07.12.2011 година го посетија Национален ромски центар. Средбата беше посветена на взаемна размена на информации, знаења и искуства.

Од страна на НРЦ гостите беа информирани за претходните активности и постигнатите резултати. Во дискусијата посебен акцент беше ставен на проблемот со личните документи на Ромите, начинот на кој се спроведува Законот за спречување и заштита од дискриминација во Република Македонија, како и за потешкотиите што се јавуваат во процесот на легализација на бесправно изградените објекти.

Претставничките од Амнести Интернационал изразија задоволство од остварената средба и подготвеност за соработка на полето на поефикасна заштита на човековите права во Македонија.

[post_gallery]