1. Конкурсот
Во ромскиот јазик chachipe значи „вистина“ или „реалност“, а понекогаш може да значи и „право“. Како организатори на меѓународниот конкурс за фотографии Chachipe Map, Фондациите Отворено општество и Архивите на Отворено општество при Централноевропскиот универзитет ве покануваат преку фотографии да ни покажете како вие го гледате вашиот свет, вашата реалност и што сметате дека е вистина.
Првиот конкурс за фотографии Chachipe беше објавен во 2007 година, а вториот конкурс, Chachipe Youth, беше одржан во 2009 година. Овогодинешниот конкурс става посебен акцент на географската дистрибуција на ромската култура и симболичното „ремапирање“ на настаните и акциите поврзани со Ромите, факт што е нагласен со зборот „мапа“ од насловот на конкурсот. Доколку прикачите фотографија и го наведете името на местото каде таа е сликана, тоа ќе се појави на интерактивната мапа на вебсајтот Chachipe Map. Оваа година, можете да прикачувате фотографии во следниве три категории: Локален херој, Заеднички именител, и Остварување на сонот.
Најважната цел на конкурсот е да ви даде можност да покажете како вие ги гледате Ромите и нивната положба во општеството и во заедницата во која живеете. Ние бараме не-стереотипни фотографии кои се ослободени од предрасуди, кои го покажуваат заедничкиот живот на ромското и не-ромското население, кои темите ги прикажуваат на отворен начин и кои дури можат вклучуваат радикални нови перспективи.
Овој повик за учество на конкурсот е отворен за сите. Сепак, за да се квалификуваат за конкурсот, фотографиите мора да бидат сликани во периодот 2005-2011 година во земјите што учествуваат во Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015: Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Чешка, Унгарија, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Шпанија.
2. Категории
Локален херој
Меѓу нас живеат луѓе кои прават значаен придонес во нивните заедници, и во мирните односи меѓу Ромите и нивните соседи. За разлика од славните личности и ѕвездите, овие луѓе не го добиле вниманието на медиумите. Ние ве повикуваме да ги барате ваквите лица во вашето соседство, да најдете луѓе кои вие ги почитувате и со кои би се гордееле за да ги ставите во замислен фото-албум. Барајте луѓе кои се засегнати од судбината на Ромите и кои преку своите акции веќе го докажале тоа пред вас, вашата фамилија или пред оние околу вас. Тоа може да биде вашиот најдобар пријател, некој од вашите роднини, вашиот сосед или истакната личност во вашата заедница – секој кој заслужува да биде бесмртен. Покажете ни го ова лице во акција или во контекст кој го објаснува вашиот избор. Во насловот на вашите фотографии, наведете зошто сметате дека луѓето што се претставени се херои.
Заеднички именител
Од вашата перспектива како припадник на ромско или не-ромско население, размислете дали постојат повеќе сличности од разлики меѓу вас и луѓето од „другата страна“. Кои се настаните или искуствата што ги споделуваме без оглед на нашите афинитети? Во вашите фотографии, обидете се да ги претставите оние работи што ги врзуваат ромското и не-ромското население заедно, обидете се да ги фатите ситуациите каде поделбите меѓу нас не се фактор. Вашето лично вклучување може да ја направи фотографијата повредна. Во насловот на вашите фотографии, опишете го искуството што ви дало можност да се запознаете и да се прифатите едни со други.
Остварување на сонот
Сите ние сонуваме, без оглед каде сме родени и дали сме Роми или не, а понекогаш овие соништа не се дел од некој имагинарен свет. Соништата задолжително не се однесуваат на материјални добра, туку и на остварени желби, момент на среќа, или успех на поединец или на заедницата. Обидете се да најдете ситуации каде реализираните соништа се очигледни. Најдете ги припадниците на ромската заедница чиишто соништа се оствариле – или покажете ни ги вашите остварени соништа. Покажете ни што мислите дека е добро во светот или што е тоа што може реалноста – која не е секогаш убава – да ја направи подобра. Во насловите на вашите фотографии, искажете ги соништата што се оствариле.
3. Услови на конкурсот
Учеството во конкурсот е бесплатно, и во него можете да се пријавите без оглед на вашите години и државјанство. Вашите фотографии можете да ги пријавите за учество во конкурсот од 19 октомври до 20 ноември 2011 година, преку нивно прикачување на англиската верзија на следниов вебсајт www.chachipe.org.
Прикачените слики ќе се појават на јавниот вебсајт на Chachipe по истекот на период од 24 часа, без името на фотографот. Сепак, жирито ќе ги оценува само оние фотографии чијшто фотограф ја потпишал Изјавата на авторот и ја испратил по е-пошта или факс, или со прикачување на скенирана копија на вебсајтот на Chachipe пред истекот на крајниот рок за пријавување на конкурсот. Доколу ви треба помош за да го пополните формуларот за пријавување, ве молиме контактирајте го нашиот координатор на програмата Zsófia Horváth (Софија Хорват) на следнава е-пошта [email protected] или на тел. +36 30 250 2635.
За целите на организирање на конкурсот и оценување на фотографиите, и со цел да се почитуваат авторските права, од вас бараме да ни доставите неколку лични ифнормации; организаторите на Chachipe Map гарантираат почитување на личните права. Доколку фотографот е малолетно лице, треба да ни доставите информации за контакт за родителите и старателите, кои мора да го потпишат формуларот за пријавување. Преку потпишување на Изјавата на авторот, која е дел од формуларот за пријавување, апликантите изјавуваат дека тие се носители на авторските права поврзани со фотографиите и дека тие им дозволуваат на Фондациите Отворено општество и Архивите на Отворено општество да ги изложат и да ги прикажат фотографиите на нивните вебсајтови за некомерцијални цели.
Можете да пријавите само фотографии што претходно не биле објавени или изолжени. (Постирањето на личен вебсајт не се смета за објавување). Еден фотограф може да пријави максимум 10 фотографии за конкурсот.
Ние можеме да прифатиме само дигитални или дигитализирани фотографии во JPEG формат, со минимална резолуција од 2048 x 1536 (3 Mpixel- мегапиксели). Ние не можеме да ги прикачиме фотографиите; вие мора да го сторите тоа сами. Ние ќе сметаме дека фотографиите се манипулирани доколку делови од нив се додадени или избришани, доколку е сменета бојата или се користени филтри. Манипулираните фотографии ќе бидат исклучени од конкурсот.
4. Награди
Меѓународното жири ќе додели 3 награди во секоја категорија од 1000, 500 и 300 евра, соодветно – а може да додели и специјални награди. Победниците ќе бидат објавени на вебсјатот на Chachipe Map во декември 2011 година.
Избор на најдобрите фотографии од конкурсот Chachipe Map ќе бидат изложени во Будимпешта во текот на 2012 година. Отворањето на изложбата ќе послужи и како церемонија за доделување на наградите од конкурсот.
Се надеваме дека фотографиите од конкурсот ќе ги посетат и другите земји од Декадата за вклучување на Ромите.
За повеќе информации, контактирајте го координаторот на програмата Chachipe
Zsófia Horváth (Софија Хорват) на тел. +36 30 250 2635 или на е-адреса [email protected].