Извадоци од Одговорите на Листата на прашања поврзани со разгледувањето на Вториот периодичен извештај на Република Македонија (CRC/C/MKD/2)

Дел I

1. Во однос на координативната улога на Националната комисија за правата на детето, обезбедете информации за точниот мандат (членство) и специфичните активности, преземени до сега од ова тело. Особено посочете дали има специфични компетенции (спремност) за имплементацијата на Конвенцијата и Опционалните протоколи.

Имплементирајќи ги препораките на ОН Комитетот за правата на детето во врска со Првичниот извештај на 5 мај 2005, Владата на Република Македонија усвои одлука воспоставувајќи ја Националната комисија да подготви национален акционен план за правата на детето. Работата на Комисијата беше координирана од Министерството за образование и наука, во соработка со Министерството за надворешни работи и вклучи претставници (на оперативно ниво) од Министерството за труд и социјална работа, Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за здравство и Агенцијата за млади и спорт. Заменикот Правобранител, одговорен за заштита на правата на децата исто така зеде удел во работата на Комисијата, а по потреба удел во работата на Националната комисија зедоа и други претставници од релевантни институции и невладини организации од Република Македонија. Националната Комисија подготви национален акционен план за правата на децата во Република Македонија за периодот 2006-2015, која Владата на Република Македонија ја одобри во Март 2006.

Мерки на институционално ниво:

– Самоевалуација на училишта како една од мерките за воспоставување на ситуацијата во училиштата и дизајн на развивачки план како инструмент за надминување на евентуални потешкотии;

– Зајакнување на улогата на Државниот просветен инспекторат при мониторинг на процесот на запишување на ученици, евалуација на училишта, особено интегрална евалуација при што се надгледува редовност и рано отпишување од училиште, како еден од образовните квалитативни резултати;

– Уведување на EMIS-IT систем за мониторинг на сите развивања во оваа област;

– Тренинг на учители за воведување на модерни наставни методи во образовниот процес според индивиудалните потреби на учениците;

– Тренинг на експертни соработници за поддршка на ранливи категории на ученици;

– Финансии и финансиска поддршка;

– Условни парични трансфери како директна финансиска поддршка за најбезпривилегираните деца за нивна редовна посета на настава (Министерство за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука, USAID);

– Бесплатен превоз за ученици во основно образование кои живеат повеќе од 2 км од училиштето и бесплатен превоз на средношколци кои живеат повеќе од 2,5 км од училиштето;

– Право за бесплатно сместување и храна за ученици кои посетуваат настава надвор од нивното место на живеење;

– Набавка на 10 минибуси за потребите на учениците во руралните области и еден минибус за деца со специјални потреби во Скопје;

– Министерството за образование и наука преку Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците и Секторот за унапредување на основно и средно образование ја поддржуваат кампањата за инклузија и задржување на децата од ромската заедница во образовниот систем, во 15 града во Македонија, имплементирана од Националниот ромски центар од Куманово, финансиски поддржана од Ромскиот образовен фонд од Будимпешта.

Целта на оваа кампања е да се зголеми бројката на ромските деца запишани во основно образование преку подобрена соработка со институциите на сите нивоа и со зголемување на свеста на ромската заедница за потребите на образование.

– Од почетокот на 2009-2010 академска година, Министерството за образование и наука, заедно со Ромскиот образовен фонд го лансираше проектот за стипендии и менторство за 800 Ромски ученици и менторство за сите 1606 Роми средношколци, како мерка за дополнителна помош фокусирана за овозможување овие деца да добијат подобри образовни резултати.

Министерството за образование и наука – Биро за развој на образованието во Македонија (тело во Министерството за образование и наука), Центарот за стручно средно образование, НВО-ата и OSCE преземаа заеднички активности за испитување на причините за меѓуетнички тензии во училиштата, водејќи проект за ненасилство и сигурност. Споментатите институции работат на Интегрирана стратегија за образование и да се дефинираат активности кои финално ќе бидат дизајнирани според Акциониот план за имплементација на стратегијата.

http://www2.ohchr.org/english/bodies/crc/docs/AdvanceVersions/CRC-C-MKD-Q-2-Add1.doc