Целта на студиската посета беше набљудување на имплементацијата и прогресот на работата на други активисти од невладиниот сектор.

Посетата беше организирана од страна на Terre des hommes (www.tdh.ch) Швајцарска Фондација од Албанија чија цел е промоција и заштита на правата на децата ширум светот.

Оваа организација од 2009 година го реализира проектот „Развој на мрежа за заштита на децата“ во Албанија преку кој се таргетирани општинските социјални сервиси, училишта, ранливи заедници, претежно Роми и институции.

Во студиската посета учествуваа 12 луѓе, активни и мотивирани членови на заедницата кои работат како агенти во нивната заедница.

Целта на студиската посета беше набљудување на имплементацијата и прогресот на работата на други активисти во други средини, нивната комуникација со локални актери и локалната власт, нивните слаби и силни страни, да се споделат нивните потешкотии во работата.

[post_gallery]