„Пописот му овозможува на секој граѓанин слободно да ја изрази својата национална припадност, а за нас ова ќе биде уште една можност да се доближиме до реалната бројка на Роми во Македонија.“

Национален ромски центар започна со Кампањата за мобилизирање на граѓаните за помасовно учество на пописот во Македонија со финансиска поддршка од Open Society Roma Initiatives Budapest. Кампањата ќе трае во текот на септември и ќе се опфатат ромските населби и градови од источна Македонија. На Кампањата се приклучија повеќе од 40 ромски активисти. За нив беше организирана обука на која г-дин Сенад Мустафов, ромскиот претставник и член на Државната пописна комисија ги информираше за начинот на кој ќе се реализира Пописот од 01-15 октомври 2011 год.

Ашмет Елезовски, менаџер на НРЦ ја упати својата порака до ромските активисти и граѓаните „Пописот му овозможува на секој граѓанин слободно да ја изрази својата национална припадност, а за нас ова ќе биде уште една можност да се доближиме до реалната бројка на Роми во Македонија.“

[post_gallery]