Известување за медиумите
Националниот Ромски Центар по повод македонското претседателство со Декадата, кое официјално почна на 1 Јули 2011 година и ќе трае до 30 Јуни 2012 година, силно ги поддржува превземените обврски од страна на Владата на Република Македонија сериозно и решително да продолжи со унапредувањето на ромската заедница во Македонија.
НРЦ ја повикува Владата да направи видливи чекори на полето на станбените услови, вработувањето, образованието, прашања поврзани со Ромите, а кои се однесуваат на здравството имајќи во предвид дека Ромите сеуште немаат лични документи што претставува огромна пречка во остварувањето на нивните права. Многу иницијативи беа покренати и формално поддржани, но ние сеуште имаме голем јаз, иако Декадата претставува политичка обврска за намалување на сиромаштијата, исклучувањето и дискриминацијата на Ромите. НРЦ ја притиска Владата да вклучи државни и граѓански заинтересирани страни во превземање на заеднички акции и споделување на искуства кон една заедничка цел – интеграција и вклучување на Ромите.
Да не се дозволи интеграцијата со Декадата да остане имагинација – изјави Ашмет Елезовски, претседателот на Националниот ромски центар. НРЦ повикува на заеднички акции и имплементација на очекуваните цели за видливо и издржливо унапредување.
Растечкото внимание кон ромската заедница не би требало да биде основа за понатамошни предрасуди и дискриминација, имајќи во предвид дека ромските целни стратегии имаат за цел да го подобрат квалитетот на живот на нашите граѓани. Сите човечки и други ресурси кои се вклучени во Декадата треба да имаат една јасна визија – декадите на исклучување не може да исчезнат одеднаш, но можат да бидат глас во минута до дванаесет за да се промени нешто.
Главните цели на Декадата се поврзани со: 1. Забрзување на прогресот кон подобрена благосостојба преку вклучување на Ромите во процесите на носење одлуки и 2. Надгледување на прогресот на транспарентен и мерлив начин. На тој начин страните вклучени во Декадата кои имаат одговорност пред ромската заедница се тука за да обезбедат видлив напредок не само во името на Декадата, туку за ромскиот народ исто така.