Националниот ромски центар континуирано работи на терен во рамките на кампањата „Ние можеме„ во општините Куманово, Кичево, Прилеп, Кочани и Штип во кои изминатиот период од страната на тимот на НРЦ заедно со теренските консултанти беа направени теренски посети во ромските населби со цел да ги информираат за насилството врз жени, семејното насилство вклучувајќи и други штетни практики како склучување на детски бракови и родови стереотипи.

Кампањата на терен од врата до врата активно се спроведува за проектот „Кампања за превенција на насилство врз жени и семејно насилство во аромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми промена на ставови”.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*