Изминатиот период во рамките на проектот „Ние можеме„ во општините Куманово, Кичево, Прилеп, Кочани и Штип проектниот тим заедно со теренските консултанти ги посетија на терен ромските населби со цел да ги информираат за насилството врз жени, семејното насилство вклучувајќи и други штетни практики како склучување на детски бракови и родови стереотипи.

Кампањата на терен се спроведува редовно од страна на теренските консултанти во овие 5 општини и има за цел да ја подигне свеста на Ромите (жени, девојки, мажи и момчиња) за насилството врз жените, формите на насилство, постапување на службените лица, родови стереотипи и детски бракови.

Средбите беа организирани во рамките на проектот „Кампања за превенција на насилство врз жени и семејно насилство во аромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми промена на ставови”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*