Во текот на месец октомври во општина Прилеп беше одржана првата сесија за правно советување со жени и девојки кои имаат потреба од правно советување за заштита од родово базирано и семејно насилство или потреба да разговараат за штетни практики кои влијаат на нивниот живот.
Целта на средбата беше да се информираат и зајакнат жените и девојчињата за различните форми на семејно насилство, достапните механизми за заштита од родово базирано и семејно насилство како и за специјализираните услуги за помош и поддршка кои постојат.
НРЦ го имплементира проектот „Кампања за превенција на насилство врз жени и семејно насилство во ромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми промена на ставови”