08.11.2021
Здружение Национален ромски центар (НРЦ) од Куманово објавува „Повик за за ангажирање на надворешен експерт за подготовка на документ со наоди и препораки за унапредување на системот на заштита и потреба од воспоставување на специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилство во Североисточен плански регион“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:
1.Општи услови
1.1 Набавувач на услуги: ЗГ „Национален ромски центар” со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ 11/5.
1.2 Предмет на барањето: „Повик за за ангажирање на надворешен експерт за подготовка на документ со наоди и препораки за унапредување на системот на заштита и потреба од воспоставување на специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилство во Североисточен плански регион “
1.З. „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот „Застапување за обезбедување на специјализирани сервиси за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство” финансиран со поддршка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, и заради остварување на планираните проектни активности го објавува овој повик.
Цели на проектот се :
-Унапредување на системот на заштита, пристапот доинформации и директна помош и поддршка за жените жртви на родово базирано и семејно насилство и нивните деца;
-Унапреден пристап до релевантни податоци преку анализи за состојбата со насилство врз жените и семјното насилство на локално ниво;
-Унапреден дијалог со локалните релевантни чинители за подобрување на системот на заштита, пристап до информации и директни сервиси за помош и поддршка за жени жртви на насилство и семејно насилство.
Опис на позицијата:
Надворешен експерт за подготовка на документ со наоди и препораки за унапредување на системот на заштита и потреба од воспоставување на специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилство во Североисточен плански регион .
Број на позиции: 1
2. Понуда
2.1 Понудувачот треба да ги исполни следните услови:
- Завршено високо образование,
- Минимум 3 годишно документирано работно искуство за подготовка на документи со наоди и препораки во областа на семејно насислство
- Минимум 5 годишно работно искуство со граѓански организации;
- Работно искуство со граѓански организации кои работат во областа на семејното насилство и /или на прашања поврзани со семејно насилство ќе се смета како предност;
- Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет.
3. Пријава
3.1. Понудувачот треба да достави:
- Работна биографија;
- Диплома за завршен факултет (копија);
- Писмо за интерес со кратко писмо кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот со документирано работно искуство;
- Примероци од претходна работа за спроведени минимум 3 слични работни задачи во последните 3 години;
- Изјава за минимум 5 годишно работно искуство во работа со граѓански организации,
- Изјава за искуство во работа со граѓански организации кои работат во областа на семејното насилство и /или на прашања поврзани со семејно насилство
- Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
- Предлог методологија за подготовка на документ со наоди и препораки за унапредување на системот на заштита и потреба од воспоставување на специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилство ;
4. Опис на позиција: „Експерт за подготовка на документ со наоди и препораки за унапредување на системот на заштита и потреба од воспоставување на специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилствовоСевероисточен плански регион“
4.1.Број на позиции:
- (1) позиција ако се пријавуваат физички лица со заедничка понуда
- Едно правно лице (здружение на граѓани или трговско друштво)
Предвиден бруто износ со вклучени патни трошоци за еден експертски ден: 10.000 денари
5. Работни задачи за потребите на проектот „Застапување за обезбедување на специјализирани сервиси за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство”
Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:
- Разработка на понудената предлог-методологија за подготовка на документ со наоди и препораки за унапредување на системот на заштита и потреба од воспоставување на специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилство.
- Изработка на документ со наоди и препораки за унапредување на системот на заштита и потреба од воспоставување на специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилство.
- За оваа активност е предвиден ангажман од 6 работни дена.
- Изработка и достава на извештај за спроведени активности и пополнет образец timesheet.
- Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата.
- Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот.
- Одржување на минимум два работни состаноци за консултации со тимот на НРЦ и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.
Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка. Исплатата ќе се изврши на две рати и тоа: прва рата во износ од 30% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена по склучување на договорот и втора рата 70% по завршување на ангажманот и одобрување на доставен на извештај и time sheet од страна на проектниот координатор.
6. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
Работна биографија – 20 поени
Искуство и квалитет – 40 поени
Предлог методологија – 40 поени
7. Облик и содржина на понудата
4.1 Понудата се изработува во писмен облик.
4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, број на телефон, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт.
4.3 Тековна состојба од набавувачот (доколку се работи за правно лице), не постара од шест месеци.
Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] и [email protected] најдоцна до (понеделник) 15.11.2021 година до 12 часот.
Повикот може да го превземете на следниот линк:ж
http://www.nationalromacentrum.org/mk/wp-content/uploads/Јавен-повик-за-надворешен-експерт.lnk_.pdf
Куманово 08.11.2021 | Координатор на проект | ||
Ивана Маринковска |